• ПОЧЕТНА
  • ПОНУДИ
  • ПРЕВОЗ
  • ГАЛЕРИЈА
    • Галерија
    • Видео
  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
  • ЈАЗИК: Mk
    • English English
    • Mk Mk
    • Al Al

ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА

ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА

     ТЕХЕРАН-КАШАН-ИСФАХАН-ЈАЗД-ЗИНЕДИН КАРАВАНСАРАЈ-ШИРАЗ-ТЕХЕРАН

                13 дена / 11 ноќевања Tермин: 14.10.-26.10.2019.

1  ДЕН: СКОПЈЕ

Состанок на групата на аеродромот “Скопје”.Полетување за Истанбул.

2  ДЕН: ТЕХЕРАН

Слетување во Техеран, состанок на групата со туристичкиот водич на аеродромот, организиран трансвер до хотелот. Слободно време или можност за посета на националниот музеј на Иран и на GolestanPlace. Сместување во Хотел. Вечера во ресторан. Ноќевање

3  ДЕН: ТЕХЕРАН

Појадок, по појадокот целодневен разглед на знеаменитостите на градот Техеран, меѓу кои и Saad Abad – Палатата,Tajrish – Пазарот и Milad tower435 метри. Вечера во ресторан. Ноќевање

4  ДЕН: ТЕХЕРАН – ШИРАЗ

Појадок, по појадокот со утрински лет заминување кон Шираз каде ќе имате можност да ги посетите Narenjestan Градината и Розевата Џамија.  Ручек. Поручекот краток одмор и посета на џамијата Вакил, бањата и пазарот во Шираз Karim khan – тврдината. Вечерна посета на  Hafezieh – гробницата на познатиот поет Tombof Havez. Вечера во ресторан. Ноќевање.

5  ДЕН: ШИРАЗ

Појадок, по појадокот полудневен разглед на античкиот град  Персеполис, еден од најзначајните светски археолошки локалитети заштитени од УНЕСКО. Градот датира од 515 г.п.н.е. и во него можат да се сретнат одлично зачуваните колонади, цитадела, пространи улици и Портата на Нациите, изградена од страна на Императорот Ксеркс , посветена на сите народи кои живееле во рамките на Персиската Империја. Посета на камените гробници на кралевите кои датираат од 1000 г.п.н.е, на Накш-е-Раџаб и Накш-е-Рустам. Вечера во ресторан.Ноќевање.

6 ДЕН: ШИРАЗ: ШИРАЗ – ЈАЗД

Појадок. Во раните утрински часовипо појадокот заминување кон Јазд. Попатно посета на  Пасаргадае.Сместување во хотел . Вечера во ресторан Ноќевање.

7  ДЕН: ЈАЗД

Појадок. По појадокот, посета на Долат Абад, Зороастианскиот огнен храм и Џамијата Џамех.Слободно време за индивидуални активности до времето за вечера. Вечера во ресторан. Ноќевање.

8  ДЕН: ЈАЗД – ИСФАХАН

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Исфахан. По пристигнувањето во Исфахан,сместување на патниците во хотел и по краткиот одмор, посета на палатата Чехел Сотун и Катедралата Ванк. Посетата на дватаантички моста Си-О-Се иЌаху. Вечераво ресторан.Ноќевање.

9  ДЕН: ИСФАХАН

Појадок. По појадокот заминување кон еден од најголемите плоштади во светот Хагш-е-Џахан ( “плоштадот на сликите на светот”)   исто така  познат како плоштад Имам,  каде ќе имате можност за посета на: Имам Џамијата, Палатата Али Ќапу, Џамијата на Шеикот  Лотфолах,  и  Пазарот . Вечера во ресторан. Ноќевање.

10  ДЕН: ИСФАХАН

Појадок. По појадокот целодневен престој во Исфахан: посета на  Монар Џонбан   светилиштето изградено во  14 век и познато по“Tресечките минариња”, Палатата Хашт Бехешт.   Враќање во хотел. Слободно време за одмор и истражување на овој прекрасен град познат како најромантичниот град во Иран. Вечераво ресторан Ноќевање.

11  ДЕН: ИСФАХАН  –ТЕХЕРАН

Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување кон Техеран. По патот за Техеран можност за посетанаКашан каде ќе ја посетиме Финската градина и Куќата на Табатабај. Во Техеран посета на Кулата Азади. Вечера во ресторан.Ноќевање.

12  ДЕН: ТЕХЕРАН

Појадок. По појадокот посета на Филмскиот Музеј, Музејот за музика и Иранската градина. Вечера во ресторан. Ноќевање.

13  ДЕН: ТЕХЕРАН  – ИKA АЕРОДРОМ

Појадок. По појадокот одјава од хотелот слободни активности и заминување кон аеродромот ИКА  полетување за Македонија.

 ЦЕНАТА Е КАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 14 ПАТНИЦИ

Термин ► 14.10.-26.10.2019.
Промо цена: До 25.06 1450 €
Ран Букинг:  До 20.09 1550 €
Регуларна цена: 1650 €

 

Цената на аранжманот вклучува: 

 Повратен авио билет: Скопје-Техеран-Скопје

  Авионски такси

  Локален Авио лет   Техеран – Шираз

 11 Ноќевања во Хотели со 3 / 4*  на база појадок и вечера во ресторан

  Локални трансфери, трансфери измеѓу градовите според планот на програмата.

  Влезници во културно историските споменици спомнати во програмата

  Туристички водич – локален

  Туристички придружник за време на целото патување, организација и водење.

Цената на аранжманот не вклучува:

 Индивидуални екскурзии и дополнителни барања

 Иранска ВИЗА – 30 €

Доплата за 1/1 соба  + 370 €

 Бакшиш за водич и возач

 УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:   

  •  Готовина: уплата на аванс од најмалку 50 % од вкупната цена на аранжманот при пријава во агенција, останатиот износ најдоцна 20 дена пред тргнување;
  • Кредитни картици;
  • Туристички кредит
  • Можност за уплата на рати во агенција започнувајќи од месец Јануари 2019
  •  Патниците се должни 24 часа пред полетување да се информираат околу авионскиот лет;
  • За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. ЈСП ТУРС и СКТМ кои се во прилог со овој договор и патниците се должни да се запознаат со истите.

Програмата е заштитена од страна на Туристичката Агенција Камелија Турс 

НАПОМЕНА:

Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси 130330000371/00 и одговорност за штета (класа 13 одговорност и класа 0/1 незгода) код ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ  АД СКОПЈЕ

Доколку не се оствари минималниот број на патници – 14, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на лет према времето на полетување.

5 дена пред полетувањето Агенцијата ќе објави информации за саатнината на полетувањето и слетувањето како и Авионската компанија

                                                                     Тип на патување

Патување со умерена тежина, односно потрени се посебни подготовки:

Патниците се должни да се информираат во агенцијата.

Патувања од овој тип може да вклучуваат пократко / подолго патување, но генерално се полесни. На ова патување важно е да сакате да ја доживеете земјата каква што е и затоа сте подготвени да направите мали прилагодувања на условите во земјата во која патувате Ќе доживеете: културни знаменитости, национални паркови, народни обичаи, природни убавини … сето тоа можете да го видите само во единствената ПЕРСИСКАТА ИМПЕРИЈА !

Галерија

Сподели:

  • Tweet
  • WhatsApp
БАЛИ-индивидуална програма
Хотел ТЕРМАГ – Јахорина

Кои сме ние?

ЈСП ТУРС постои од 1991 година и со својата висока професионалност и квалитетната услуга ја стекна довербата кај голем број клиенти. Располагаме со 10 високо туристички автобуси марка НЕОКАР, САНОС и МАН со 40/50 седишта и минибуси со 19 седишта.
Ние Ви овозможуваме во секое време по Ваше барање да стигнете до Вашата сакана дестинација. Долга е листата на бараните превози и аранжмани кои нашата агенција ги реализира и долгогодишно е искуството на патувања во Република Македонија и во странство.

АДРЕСА
 ул. Даме Груев бр.5 лок.3 1000 Скопје, Р. Македонија

ТЕЛЕФОНИ
 Тел.:+389 2 3091 522  ; +389 2 3060 350

EMAIL
 info@jspturs.com.mk

Facebook
 facebook

All rights reserved | Copyright © Unet

Сподели:

  • Tweet
  • WhatsApp