Краков претставува стара полска престолнина, којa слободно можеме да го наречеме и „град музеј“. Стариот град на Краков се наоѓа во листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Овој град секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи, а посебен дух му даваат и преку 100.000 студенти на Јагиелонскиот универзитет. Дочекајте ја Новата Година и доживејте несекојдневно искуство на Краковскиот плоштад или во многубројните тамошни диско клубови.

1ДЕН (29.12.2018 Сабота) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски во Скопје Поаѓање кон Краков и патување со попатни застанувања низ Србија, Унгарија и Словачка.Ноќно возење…

2ДЕН (30.12.2018 Недела) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во пладневните часови. Следува разглед на градот со брдото Вавел каде се наоѓааат кралскиот дворец и катедралата,родната куќа на Папата Св. Јован Павле Втори, Стариот градски плоштад со камбанаријата – еден од најголемите во Европа, Црквата Св. Марија, Јагиелонскиот универзитет, Барбакан – тврдината, Флоријанска капија, Флоријанска улица, Пленти паркот… Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3ДЕН (31.12.2018 Понеделник) КРАКОВ – РУДНИК НА СОЛ – Wieliczka

Појадок. Можност за факултативна посета на 700 год. стариот рудник за сол Величка (Wieliczka), кој исто така се наоѓа на листата на светските наследства на УНЕСКО. Се симнува со лифт на длабочина од 100m и се посетува преубавото подземно езеро, кралевската капела направена од сол, концертната сала, разновидни скулптури изработени од сол место кое претставува рај за болните од астма. По завршување на излетот на рудникот враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности.Вечерта следува Дочек Новата 2018 година во една од локалните краковски дискотеки или на плоштад. Забава до раните утрински часови. Ноќевање.

4ДЕН (01.01.2019 Вторник) КРАКОВ

Појадок. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

5ДЕН (02.01.2019 Среда) КРАКОВ – АУШВИЦ

Појадок. Напуштање на хотелот. По завршување на појадокот можност за организација на факултативен излет до Аушвиц – концентрационен логор од Втората Светска Војна, кој од 1979 год. се наоѓа на листата на светски наследства на УНЕСКО. Следи посета и на концентрационот логор Биркенау, во кој е сниман познатиот филм ,,Шиндлеровата листа”.Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови поаѓање кон Скопје. Ноќно возење низ Словачка, Унгарија и Србија.

6ДЕН (03.01.2019 Четврток) Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ХОТЕЛ Категорија на хотел Услуга Цена по лице 1/4 Цена по лице 1/3 Цена по лице 1/2 Цена по лице 1/1
NOVOTEL 4* BB 169 €
ZACZEK 2* OB 144 €
HOSTEL OLIMP OB 129 € 134 € 129 €

*BB – ноќевање со појадок        *ОВ – само ноќевање

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување
  • Сместување во Краков во избран хотел од табелата на база 3 ноќевања (појадок само во хотел Новотел)
  • Превоз со високо – туристички автобус опремен со Клима, TV, VIDEO на наведената релација

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Факултативни излети и влезници за музеи и дискотеки

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Аушвиц – зачекорете во минатото низ патеките на студениот Аушвиц, најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно уништување на еврејското население. Дознајте ја вистинската приказна, за се она што се случувало зад бодликавите жици, во мрачните дрвени колиби, и со вашата посета, оддајте им чест на жртвите на Втората светска војна.

Краков PARTY PASS – Дојдете и уверете се зошто Краков е најпопуларната PARTY дестинација за млади луѓе веќе 10 години! Подгответе се за незаборавна WELCOME забава, одлична новогодишна забава и дневна забава за најсилните, затоа што ве носиме само во најдобрите клубови во Краков!

Рудник на сол – Wieliczka – Откријте го подземниот свет на солени тесни коридори, лавиринти, пештери, езера и капела со скулптури направени од кристали од сол. Со историја од над 700 години, со коридори долги 200 km и длабочина од 327 метри, овој рудник е една од најголемите атракции во Европа.