Актуелни понуди Аранжмани - Турција Турција

РЕ-АПСОЛВЕНТ 2020 (Турција)

КОНТАКТ:
тел: 02 306 0350
info@jspturs.com.mk

RE – APSOLVENT 2020

14.10 – 25.10

Скопје – Чанаккале – Кушадаси – Кападокија – солено езеро Туз Ѓoлу – Анкара – Истанбул

12 дена (7 ноќевања)

Почитувани апсолвенти од оваа “чудна” 2020 година, објавуваме специјална програма која согласно состојбите и со целосно почитување на протоколите ќе се реализира како едно заокружување на вашето студирање.

1 ДЕН – СКОПЈЕ (14.10)

Состанок на групата на паркингот на СЦ “Борис Трајковски” во попладневните часови со однапред утврден распоред и почитување на протоколите за нецелосна исполнетост на автобусите. По сместувањето следува возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

ДЕН – ЧАНАККАЛЕ – КУШАДАСИ (15.10)

Во утринските часови пристигнување во извонредниот историски локалитет на светската цивилизација во склоп на регионот каде се наоѓа и градот Троја (од познатата хомерова “Илијада”) – Чанаккале. Следува разглед со сите значајни локалитети и можност за уживање во центарот на градот каде се наоѓа  култната статуа на Тројанскиот коњ од истоимениот филм, подарок на градот од актерот Бред Пит.

По слободното време за индивидуални активности следува заминување кон Кушадаси – неколкучасовно возење со попатни паузи. Во доцните попладневни часови се сместуваме во хотел каде следува време за одмор и релаксација. Во вечерните часови можност за заедничко дружење. Ноќевање.

 

3 ДЕН – КУШАДАСИ – ЕФЕС (16.10)

Појадок. Можност за реализација на факултативна посета на феноменалниот антички град Ефес од римскиот период во чија близина се наоѓа и куќата на Пресвета Богородица. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Одличен спој на античка приказна и архитектура. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови се враќаме кон Кушадаси и можност за заедничко заминување на плажа за дополнително уживање. По враќањето во хотел и времето за одмор повторно организација на заедничко дружење. Ноќевање.

 

4 ДЕН – ПАМУКАЛЕ – КАПАДОКИЈА (17.10)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови следува заминување кон Кападокија. Попатно можност за факултативна реализација на излетот – Памуккале.

“Памучен замок” кој нуди неверојатна можност да прошетате низ т.н. водени кади настанати од наслаги на варовник и калциум прелеани со термална вода. Вистински бел раскош кој ви овозможуваме да се чуствувате како во бајка, истото место каде се капела кралицата Клеопатра. Слободно време за уживање. Следува спојување со остатокот од групата и продолжување на патувањето. Ноќно возење.

 

5-6 ДЕН – КАПАДОКИЈА (2 ноќевања со појадок/3 дена) (18-19.10)

Денови предвидени за престој и уживање во магичната Кападокија, вулканска област со карпести пејсажи кој никого не оставаат рамнодушен. Позната по рачно изработените керамички производи, рачно ткаените килими, како и квалитетните сортни вина.

Престојот е збогатен со многу можности и излети кои ќе формираат една неверојатна слика за оваа област на светската туристичка мапа…. Летање со балони, како светски позната атракција заедно со видиковецот, култниот замок Учхисар кој е највисока точка во Кападокија, музејот на отворено Ѓореме, напуштеното село со стари пештери и грчки куќи, посета на рајската долина Деврент која носи имагинација со безброј природни камени формации, подземниот град Деринкују (Кајмакли) со длабочина од 50 тина метри. Потоа долината Ихлара – кањон со должина од 16км, обиколен со карпести цркви, Римската кула, манастирот Селиме, локалната џамија, ручек во анадолското село Белисирма , како и факултативна можност за возење на АТВ возила со прекрасно зајдисонце, турска вечер со традиционална игра и стомачни танци во пештерски амбиент….

 

7 ДЕН – КАПАДОКИЈА (20.10) – солено езеро ТУЗ ЃOЛУ – АНКАРА

Појадок. Во договорено време следува заминување главниот град – Анкара. Попатно следува посета на второто најголемо езеро во Турција – соленото езеро Туз Ѓoлу. Езерото кое во најголем дел од годината има длабочина од само 4 сантиметри, во време на зимата водостојот се зголемува како резултат на врнежите. 63% од снабдувањето со сол во земјата потекнува од овде каде една своевидна атракција се и посебната група фламинга. По времето за уживање следува заминување кон Анкара. Целодневен престој во градот со посета на најзначајните локалитети и знаменитости кои се основа на делото на Мустафа Ќемал Ататурк – таткото на современа Турција. Денес е бизнис центар и седиште на политичката моќ на земјата. Слободно време за индивидуални активности. Во доцните вечерни часови следува заминување кон Истанбул. Ноќно возење.

 

8-10 ДЕН – ИСТАНБУЛ (3 ноќевања со појадок) (21-23.10)

Денови предвидени за целосно уживање во магичните убавини на центарот на културата, традицијата, архитектурата на Турција – величествениот Истанбул. Градот кој лежи на 2 континента – Европа и Азија и за кој своевремено Наполеон Бонапарта рекол дека доколку светот има главен град тоа дефинитивно би бил Истанбул.

Целиот престој покрај панорамскиот разглед и запознавањето со градот ќе биде надополнето со дополнителни можности и изледи кои ќе го збогатат нашиот престој: посета на комплексот каде се наоѓаат Хиподромот, Сината џамија, Аја Софија, замокот Топ Капи, култната Капали Чаршија. Посета на дворецот Долма Бахче кој бил центарот на моќта и раскошот на Отоманската Империја, неодоливо крстарење по Босфор, но и посета на азискиот дел на градот со прекрасни видиковци и вистинска убавина. Престојот можеме да го збогатиме и со посета на минитурк паркот, но и облакодерот Сејир Сафир, како и специјална турска вечера со танци на брод. Вечерите ќе имаме организирано заедничко дружење.

 

11 ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ (24.10)

Појадок. Во договорено време следува напуштање на хотелот и заминување во познатиот трговски центар Форум со дополнителна можност за посета на интересниот аквариум. Во попладневните часови заминување кон Скопје. Возење.

 

12 ДЕН – СКОПЈЕ (25.10)

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 329 евра

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус (клима, тв, цд) на наведената релација со целосно почитување на протоколите (со вклучена повратна карта за траект на Еџеабат)
  • 2 ноќевања со појадок во Кушадаси во хотел 3*/4*
  • 2 ноќевања со појадок во Кападокија во хотел 3*/4*
  • 3 ноќевања со појадок во Истанбул во хотел 3*/4*
  • Разглед на градовите според програмата
  • Целосна организација со пратител на патувањето за целото време на престој
  • Медицинско лице
  • Сите туристички такси во градовите

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Факултативни излети

 

*ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО СЕ ПОТРЕБНИ МИНИМУМ 40 ПАТНИЦИ

*Важат општите услови на ЈСП-Турс Скопје

*Програмата е прилагодена согласно моменталните протоколи (не е потребен PCR тест), доколку истите се менуваат ќе се менува и протоколот за реализација на програмата.

Поврзано

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“