СОВЕТИ ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ПРИ ПАТУВАЊЕ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО:
  • БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ СО РОК НА ВАЖНОСТ ПОДОЛГ ОД ПЛАНИРАНИОТ ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО. ЗА ОДРЕДЕНИ ДРЖАВИ Е ПОТРЕБНО ПАТНАТА ИСПРАВА ДА ИМА ВАЛИДНОСТ НАЈМАЛКУ 6 МЕСЕЦИ ПОДОЛГА ОД ПОЧЕТНИОТ ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ.
  • ВИЗА ЗА ЗЕМЈИТЕ НА ПРЕТСТОЈ. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ПРОЧИТАЈТЕ НА СТРАНАТА НА МНР НА Р.МАКЕДОНИЈА
  • ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО.

 

  1. ЗА ПРЕТСТОЈ ВО ОДРЕДЕНИ ДРЖАВИ Е НЕОПХОДНА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА.

ЗА ЛИСТАТА НА ДРЖАВИ ЗА КОИ Е НЕОПХОДНА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА :

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЗА КОИ Е НЕОПХОДНО ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ СЕ НАОЃА НА ЕДНА ОД НАВЕДЕНИТЕ ЛИСТИ ПОД А И Б.

ДОКОЛКУ ЗЕМЈАТА ВО КОЈА САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ СЕ НАОЃА НА ЕДНА ОД ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ЛИСТИ, ОБРАТЕТЕ СЕ ДО НАЈБЛИСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ДАДЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, СО ЦЕЛ ДА ГО ЗАШТИТИТЕ СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА НАЈБЛИСКИТЕ.

А. ЛИСТА НА ДРЖАВИ ЗА КОИ Е НЕОПХОДНА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, СОГЛАСНО СО ДОКУМЕНТОТ НА СЗО „МЕЃУНАРОДНО ПАТУВАЊЕ И ЗДРАВЈЕ“, 2012

(ТРОПСКИ И КАРАНТИНСКИ БОЛЕСТИ)

АВГАНИСТАН

ЕТИОПИЈА

НИГЕР

АЛЖИР

ЗАМБИЈА

НИГЕРИЈА

АНГОЛА

ЗЕЛЕНО’РТСКИ ОСТРОВИ

ПАКИСТАН

АРАПСКА РЕПУБЛИКА

ЗИМБАБВЕ

ПАНАМА

АРГЕНТИНА

ИНДИЈА

ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА

АЗЕРБЕЈЏАН

ИНДОНЕЗИЈА

ПАРАГВАЈ

БАНГЛАДЕШ

ИРАН

ПЕРУ

БЕЛИСЕ

ИРАК

РЕПУБЛИКА КОРЕЈА

БЕНИН

ИСТОЧЕН ТИМОР

РУАНДА

БУТАН

ЈЕМЕН

САО ТОМЕ И ПРИНСИПЕ

БОЛИВИЈА

ЈУЖНА АФРИКА

САУДИСКА АРАБИЈА

БОЦВАНА

КАМБОЏА

СЕНЕГАЛ

БРАЗИЛ

КАМЕРУН

СИЕРА ЛЕОНЕ

БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА

КЕНИЈА

СИРИЈА

БУРКИНА ФАСО

КИНА

СОМАЛИЈА

БУРУНДИ

КИРГИСТАН

СУДАН

ВАНУАТУ

КОЛУМБИЈА

СУРИНАМ

ВЕНЕЦУЕЛА

КОМОРСКИ ОСТРОВИ

СВАЗИЛЕНД

ВИЕТНАМ

КОНГО

ТАЏИКИСТАН

ГАБОН

КОСТАРИКА

ТАНЗАНИЈА, ОБЕДИНЕТА РЕПУБЛИКА

ГАМБИЈА

ЛАОС

ТАЈЛАНД

ГРУЗИЈА

ЛИБЕРИЈА

ТОГО

ГАНА

МАДАГАСКАР

ТУРЦИЈА

ГВАТЕМАЛА

МАЛАВИ

ТУРКМЕНИСТАН

ГВИНЕЈА

МАЛЕЗИЈА

ТУВАЛУ

ГВИНЕЈА БИСАО

МАЛИ

УЗБЕКИСТАН

ГВАЈАНА

МАВРИТАНИЈА

ФИЛИПИНИ

ДЕМОКРАТСКА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КОРЕЈА

МАЈОТ (ФРАНЦУСКИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ КОЛЕКТИВИТЕТ)

ФРАНЦУСКА ГВАЈАНА

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА КОНГО (ЗАИР)

МЕКСИКО

ХАИТИ

ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

МАРОКО

ХОНДУРАС

ЕКВАДОР

МОЗАМБИК

ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

ЕЛ САЛВАДОР

МИЈАНМАР (ПОРАНО БУРМА)

ЧАД

ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА

НАМИБИЈА

ЏИБУТИ

ЕРИТРЕЈА

НЕПАЛ

ШРИ ЛАНКА

ЕРМЕНИЈА

НИКАРАГВА

 

Б. ЛИСТА НА ДРЖАВИ СО ЕНДЕМСКА/ЕПИДЕМИСКА ФОРМА НА ПОЛИОМИЕЛИТИС – ДЕТСКА ПАРАЛИЗА:

АВГАНИСТАН

КЕНИЈА

ПАКИСТАН

КАМЕРУН

НИГЕРИЈА

ЕТИОПИЈА

СОМАЛИЈА   

СИРИСКАТА АРАПСКА РЕПУБЛИКА

СИТЕ ПАТНИЦИ ШТО ПАТУВААТ ВО РЕГИОНИ И ОД РЕГИОНИ ЗАФАТЕНИ СО ПОЛИОМИЕЛИТ, ТРЕБА ДА БИДАТ СООДВЕТНО ВАКЦИНИРАНИ.

  • ПАТНИЦИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЗАФАТЕНИ СО ПОЛИО, А КОИ ПРЕТХОДНО ПРИМИЛЕ ТРИ ИЛИ ПОВЕЌЕ ДОЗИ НА ОРАЛНА ПОЛИОВАКЦИНА (OPV) ИЛИ ИНАКТИВИРАНА ПОЛИОВАКЦИНА (IPV), ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА ПРИМАТ ЕДНА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
  • ПАТНИЦИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЗАФАТЕНИ СО ПОЛИО, А КОИ ПРЕТХОДНО НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ, ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИМОВАКЦИНИРАНИ (ДА ЈА ДОБИЈАТ КОМПЛЕТНАТА СЕРИЈА НА ПРИМОВАКЦИНАЦИЈАТА, КОЈА СЕ СОСТОИ ОД ТРИ ДОЗИ ПОЛИОВАКЦИНА, НА РАСТОЈАНИЕ ОД 4 НЕДЕЛИ), ПРЕД ПОАЃАЊЕТО.

СОВЕТ ДО СИТЕ ПАТНИЦИ Е:

ДА ГО ПОНЕСАТ СО СЕБЕ ВАКЦИНАЛНИОТ КАРТОН, МЕЃУНАРОДНИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И ПРОФИЛАКСА, IHR 2005, БИДЕЈЌИ МОЖЕ ДА ИМ БИДЕ ПОБАРАН ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ПОЛИО ПРИ ВЛЕЗ ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ.

 

 

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА

ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНА ГРАНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ЛИЦА

ДРЖАВЈАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА МОЖАТ ДА ЈА ПРЕМИНУВААТ СО ВАЖЕЧКАТА ПАТНА ИСПРАВА (БИОМЕТРИСКА ПАТНА ИСПРАВА) ИЛИ ДРУГ ВАЛИДЕН ДОКУМЕНТ СО КОЈ СЕ ОВОЗМОЖУВА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦАТА СОГЛАСНО БИЛАТЕРАЛЕН ИЛИ МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР И ВИЗА ДОКОЛКУ Е ПОТРЕБНА ЗА ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО ПАТУВА. СО ЛИЧНА КАРТА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО Р. СРБИЈА, Р. АЛБАНИЈАИ ЦРНА ГОРА.

ПАТНАТА ИСПРАВА МОРА ДА БИДЕ ПОТПИШАНА. ПРЕД ПАТУВАЊЕТО СОВЕТУВАМЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАТУМОТ НА ВАЖНОСТ НА ПАТНАТА ИСПРАВА.

СО ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ САМО НА КРАТКИ ПАТУВАЊА ДО 90 ДЕНА ВО ПЕРИОД ОД 6 МЕСЕЦИ.

ЗА ПРЕСТОЈ ПОДОЛГ ОД ТРИ МЕСЕЦИ (ВРАБОТУВАЊЕ, СТУДИРАЊЕ И СЛ.), ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПОДНЕСАТ АПЛИКАЦИЈА ЗА ВИЗА ЗА ПОДОЛГ ПРЕСТОЈ, ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ ИЛИ РАБОТНА ДОЗВОЛА ВО ДИПЛОМАТСКОТО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ЗЕМЈАТА ВО КОЈА ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ И ПОДОЛГО ДА ПРЕТСТОЈУВААТ.

ДОКОЛКУ СТАНУВА ЗБОР ЗА МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ДО 14 ГОДИНИ КОЈ ПАТУВА БЕЗ СВОЈОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ, ЗА НЕГОВОТО ПАТУВАЊЕ ПОТРЕБНА Е ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ ОД РОДИТЕЛИТЕ ИЛИ СТАРАТЕЛОТ, ЗАВЕРЕНА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ИЛИ НОТАР ОДНОСНО ОД ДИПЛОМАТСКО
КОНЗУЛАРНОТО ПРЕТСТАВНИШТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО, ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО ПАТУВА КОН РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ИМАЈЌИ ВО ПРЕДВИД ДЕКА МАКЕДОНСКО ГРЧКАТА ГРАНИЦА Е НАДВОРЕШНА ГРАНИЦА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ШЕНГЕН ГРАНИЦА), УСЛОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА СЕ ИСТИ КАКО ЗА ВЛЕЗ ВО БИЛО КОЈА ЗЕМЈЕ ЧЛЕНКА НА ШЕНГЕН ЗОНАТА.

ПОКРАЈ ОСНОВНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ КОИ РАБОТАТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНА ГРАНИЦА МОЖАТ ДА БИДАТПОБАРАНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ.

ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:

ГРАЃАНИТЕ КОЈИ ПАТУВААТ ВО СТРАНСТВО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВААТ ДОВОЛНО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА (ВО ГОТОВО, КРЕДИТНИ КАРТИЦИ, ТРАВЕЛ ЧЕКОВИ И СЛИЧНО) ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ ВО ПЛАНИРАНИОТ ПЕРИОД ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО. ЗА ДОВОЛНО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА НЕ Е ПРОПИШАНА СУМА БИДЕЈЌИ ТАА Е ИНДИВИДУАЛНА ВО ОДНОС НА СТАНДАРДОТ НА ЗЕМЈАТА КАДЕ ШТО СЕ ПАТУВА НО ВООБИЧАЕНО Е ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПЕДЕСЕТ (50) ЕВРА ОД ДЕН. СРЕДСТВАТА МОЖЕ ДА БИДАТ ВО ГОТОВИНА, ТРАВЕЛ ЧЕКОВИ И КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ КОИ ГИ ПОСЕДУВА ГРАЃАНИНОТ И ВАЛИДЕН ДОКУМЕНТ ОД БАНКА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА.

ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНА ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНОВОЗИЛО:

ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНА ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО ПОКРАЈ
НАЦИОНАЛНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ВОЗАЧОТ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВА И МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА КОЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ИЗДАВА АВТО МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА (ОСВЕН СО ЗЕМЈИТЕ СО КОЈ РМ ИМА СЛУЧЕНО ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ). МОТОРНОТО ВОЗИЛО ТРЕБА ДА БИДЕ СООДВЕТНО МЕЃУНАРОДНО ОСИГУРАНО ОДНОСНО ДА ПОСЕДУВА ВАЖЕЧКИ ЗЕЛЕН КАРТОН. ДОКОЛКУ ВОЗИЛОТО НЕ Е ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ (СОГЛАСНО СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА) ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО ВОЗИЛО ВО СТРАНСТВО КОЈА ИСТО ТАКА ЈА ИЗДАВА АМСМ.

ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА СО ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО ВОЗАЧИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВААТ ИСТИТЕ ДОКУМЕНТИ КАКО И ВОЗАЧИТЕ НА ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО, ПАТЕН НАЛОГ И ПОСЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНИ ДОЗВОЛИ И ДОКУМЕНТИ КОЈ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ПРОЦЕДУРИ.

ПОСТАПКИ КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ЌЕ СЕ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА ВО СТРАНСТВО:

ДОКОЛКУ ЛИЦЕ ДРЖАВЈАНИН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТАНЕ БЕЗ ПАТНА ИСПРАВА ВО НЕКОЈА ЗЕМЈА, ПОТРЕБНО Е ДА ПРИЈАВИ ГУБЕЊЕТО НА ИСПРАВАТА ВО НАЈБЛИСКАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА И ДА МУ СЕ ИЗДАДЕ ПОТРВРДА ЗА ИСТОТО. ПОТОА СО ПОТВРДАТА ТРЕБА ДА СЕ ОТИДЕ ВО ДИПЛОМАТСКО КОНЗУЛАРНОТО ПРЕТСТАВНИШТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ТАА ЗЕМЈА, КАДЕ ШТО НА ЛИЦЕТО ЌЕ МУ СЕ ИЗДАДЕ ПАТЕН ЛИСТ ЗА ДА СЕ ВРАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ДОКОЛКУ ВАШАТА ПАТНА ИСПРАВА СЕ ОШТЕТИ ИСТО ТАКА СЕ ОБРАЌАТЕ ДО НАЈБЛИСКОТО ДКП НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАКАДЕ ЌЕ ВИ ИЗДАДАТ ПАТЕН ЛИСТ.

ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ НАЗАД СО ПАТЕН ЛИСТ ДОКОЛКУ ТРАНЗИТИРАТЕ ПРЕКУ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ДАЛИ ЗА НЕКОЈА ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ВИ ТРЕБА СООДВЕТНА ВИЗА ЗА ТРАНЗИТ.

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“