Актуелни понуди

Кападокија – Анкара за Велигден и 1ви Мај

Тел за контакт: 02 306 0350
info@jspturs.com.mk

Неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија, солено езеро Туз Ѓолу – АНКАРА + мавзолеј на Кемал Ататурк, транзит низ Бугарија.

(превоз+хотел со појадок и вечера во Кападокија+пратител од агенцијата)
Поаѓање: 28.04.2021

Враќање во Скопје: 04.05.2021

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕУР/12 340 ден.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 27.03.2021: 179 ЕУР/11 100 ден.

ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН PCR-ТЕСТ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ ПО -60% НАМАЛЕНА ЦЕНА (Лабораторија Avicena)

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството…

 

#1 ДЕН | 28.04.2021 | СКОПЈЕ –  КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот на Хотел Вип во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија,   со попатни паузи за одмор и царински формалности.Патот не води преку Истанбул,Анкара,Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови).

 

#2 ДЕН | 29.04.2021 | КАПАДОКИЈА

Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме према  Кападокија.Пристигнување  во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел до 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. ВечераНоќевањe.

 

#3 ДЕН | 30.04.2021 | КАПАДОКИЈА

МИСТИЧНА И МАГИЧНА КАПАДОКИЈА ЗАПОЧНУВА СО:

Појадок. По појадокот факултативно  ве водиме на разглед на познатото градче  Ѓореме : Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци“, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со преубав панорамски поглед на Ѓореме ,потоа се упатуваме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и невообичаени приказни. Посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на  фамилијарна работилница и продавница за слатки.

Во попладневните часови имаме преубаво доживување – МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО.

Препорака од 2 можности :

1. ATV SUNSET TOUR: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта, место каде што Вашите желби се исполнуваат и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Се вози во колана со неколку водичи.  Незаборавна авантура за сите возрасти. Наша топла препорака.  (Дозвола не е потребна)

2. BUS SUNSET TOUR:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената ДолинаВраќање во хотел. Вечера. Ноќевање.  

 

#4 ДЕН | 01.05.2021 | КАПАДОКИЈА

Појадок .По појадокот околу 09 и 30 ч заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија –  вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од  пред  10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината –  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Вечера,припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање

 

#5 ДЕН | 02.05.2021 | КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање.

 

#6 ДЕН | 03.05.2021 | КАПАДОКИЈА-АНКАРА-СКОПЈЕ

Појадок .По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.

 

#7 ДЕН | 04.05.2021 | СКОПЈЕ.

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови.

Поврзано

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“