НОВА ГОДИНА 2021

ИСТАНБУЛ (3 НОЌЕВАЊА)

ИСТАНБУЛ (3 НОЌЕВАЊА)

НОВА ГОДИНА 2021

 

После непредвидливите случувања во 2020-та година, вистинско време е да ја испратиме, а со надеж и насмевка да ја дочекаме 2021-та година. Каде ако не во Истанбул.

За Нова година патуваме во Истанбул, без PCR тестови, со слободен влез и излез во Република Турција со следење на сите здравствени протоколи!

Ако досега не сте имале прилика да го посетите овој спектакуларен град, Нова година е идеалното време да уживате на Босфорот и сите убавини кои ги нуди оваа светска метрпола.

 

Прв ден – среда (30.12)

Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

 

Втор ден – четврток (31.12)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата, како и Сулејмание Џамијата, местото каде се погребани Султанот Сулејман и неговата жена Хурем.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

НОВА ГОДИНА – Одмор и подготовка за дочекот на 2021-та година. Предвидени се многу изненадувања и вистинско уживање. Деталите веќе ги знаеме, но бидејќи се грижиме за општото здравје, ќе ги оставиме да бидат изненадување.
НАПОМЕНА: Доколку дојде до неможност за реализација поради новонастанати и непредвидени случувања, агенцијата ќе направи нова организација и прилагодување.

По дочекот на новата година, се враќаме во хотел, каде следува ноќевање.

 

Трет ден – петок (01.01.2021)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат две прекрасни места во Азија, а тоа е местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетата и да се напиете кафе.

Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул.

По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање.

По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.

 

Четврт ден – сабота (02.01.2021)

По појадокот ве водиме на прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови со посета на Buyuk ada (Големиот остров). Овој архипелаг се состои од 9 острови и тука е забранета употреба на моторни возила, а главно превозно средств е коњската кочија – Пајтон. Можност за ново искуство, прошетка со пајтон околу островот. Местото е прекрасно, пошумено, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Ова е местото каде императорот Јустин 1ви, внукот на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Можност за слободно време и ручек во еден од многуте рибни ресторани или едноставно уживање крај бреговите. Враќање во хотел по пладневните часови.

Emaar Square Mall и Watergarden

Вечерта во договорено време групата се чека на рецепцијата каде се упатува према азискиот дел на Истанбул, и прекрасниот Emaar Square Mall и Watergarden, кои претставуваат сосема ново и неверојатно доживување. Emaar Square Mall е трговски центар кој ги прати најновите лајфстајл трендови и по неговото отворање станува центарот на шопингот, гастрономијата, но и на забавата со откривањето на Watergarden базените и фонтаните, кои им дават уникатно доживување на сите посетители. Бидете дел од кореографијата на блескавите води, светлината, ласерите, но и музичките и огнени шоу спектакли.

По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.

 

ПЕТТИ ДЕН – недела (03.01.2021)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2, а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА САМО 99€ , редовна цена 129€

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
(во случај на распродавање на собите во хотелот, агенцијата обезбедува сместување во иста или подобра категоризација, на сопствен трошок)

– Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

– Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија,

– Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

– Туристички пратител за време на престојот

– Организација за време на патувањето

– Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Дреново, Росоман, Велес, Куманово

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативните излети:

– Крстарење по Босфорот и посета на Вселенската патријаршија – 20 евра

– Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 евра

– Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра

– Принцески острови – 20 евра

– Emaar Square Mall и Watergarden (распеаните фонтани) – 20 евра

– Туркуазу Аквариум со влезница –15 евра

– ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА – Сите детали за пречекот ќе бидат дополнително објавени, секако според можностите, здравствената состојба и со следење на сите протоколи кои се пропишани во Република Турцијa

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 40 евра

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија

– Посета на трговски центар Форум Истанбул

 

GOLD – 55 евра

– Посети ја Азија:Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:

– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим(вклучена влезница за 4Д проекција)

– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија

– Посета на трговски центар Форум Истанбул

 

PREMIUM – 85 евра

– Топкапи палатата со влезница и водич

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:

– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)

– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија

– Влезница во аквариумот Туркуазу

– Посета на трговски центар Форум Истанбул

 

ВИП – 105 евра

– Топкапи палатата со влезница и водич

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија

– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)

– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)

– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија

– Принцески острови

– Emaar Square Mall и Watergarden

– Посета на трговски центар Форум Истанбул

 

ИНФОРМАЦИИ:

– Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.

– Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

– За еднокреветна соба се доплатуваат 60 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

– Деца од 3 до 12 години плаќаат 70 евра

– Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

Поврзано

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“