Актуелни понуди Аранжмани - Турција Турција

ИСТАНБУЛ во Октомври

КОНТАКТ:
тел: 02 306 0350
info@jspturs.com.mk

5дена/3ноќи

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

 

  1.  ДЕН (08.10. Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

 Состанок со групата во однапред договорено место и време. Поаѓање кон Истанбул во попладневните часови. Возење преку Република Бугарија со гранични регулативи и планирани попатни паузи.

 

  1.  ДЕН (09.10. Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул. Веднаш по пристигнувањето следува запознавање односно панорамски разглед на Истанбул: Бул. Аднан Мендерс, Аксарај, Валенсовиот аквадукт, Мостот Кемал Ататурк, Џамијата Мехмед Паша Соколовиќ, Златен рог, Бешикташ, Мостот Галата…Слободно време за одмор и дополнително уживање во убавините на Истанбул. Можост за организрана посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу три километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Овде ќе имате можност за факултативна посета на Madame Tussauds, каде ќе видите восочни фигури на многу познати личности, како Rihanna, Madonna, Michael Jackson, Lady Gaga, Justin Biber, Marilyn Monroe, Steven Spielberg, Albert Einstein, Leonardo da Vinci, Maria Sharapova, Rafael Nadal, Usein Bolt, Messi, Johnny Depp, Julia Roberts, Brad Pitt и многу, многу други. По разгледот следува сместување во хотел околу 14ч по локално време. Следува факултативно *КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

  1.  ДЕН (10.10. Сабота) ИСТАНБУЛ

 Појадок. По појадокот следува факултативен разглед на историскиот дел на Истанбул, со неговите најпрепознатливи знаменитости:

ХИПОДРОМ – Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

АЈА СОФИЈА  – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 

* СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 

ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

 

* КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

Вечерта, можност за факултативно организираање на *КЛАСИЧНА ТУРСКА ВЕЧЕР или *ВЕЧЕРА НА БРОДНоќевање.

 

  1. ДЕН (11.10. Недела) ИСТАНБУЛ

 Појадок.  По појадокот се упатуваме кон “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја.

Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја.

Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул, прекрасно место за уживање покрај море со можност да се види Моминската кула и да се ужива во прекрасната глетка. Потоа продолжуваме накај Бејлербеји, местото од каде се гледаат двата моста каде ќе имате шанса да пробате риба или некоја од другите турски специјалитети и пијалоци покрај Босфор. Враќање во хотел преку првиот Босфорски мост, симболот на Истанбул. Ноќевање.

 

  1.  ДЕН (12.10. Понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот. Понатаму продолжуваме со посети на Железна црква „Свети Стефан“ и Цариградската Патријаршија. Позната и како Вселенска патријаршија една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул.    Слободно време за индивидуални активности како и можност за организирана посета на најголемиот трговски центар во Европа – ФОРУМ, каде се наоѓа и огромниот Аквариум Sea LifeВо попладневните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Хотел 3* – хотелот е сместен во месноста Пера, во близина на едно од најпознатите туристички места, плоштадот Таксим. ВО негова близина се наоѓаат голем број на познати туристички дестинации и локалитети, како музејот MADAME TUSSAUDS, Galata Tower, Galata Bridge итн, со тоа што го прави еден од најатрактивните места во градот. Посебно е актуелен кај помладата популација, поради фактот што во негова околина има безброј ресторани, клубови, места за кафе/чај итн.  Хотелот располага со 51 соба (еднокреветни, двокреветни и трокреветни), ресторан, лоби бар како и рецепција достапна 24 часа.

Хотел 4* –  хотелот е сместен во месноста Пера, во близина на едно од најпознатите туристички места, плоштадот Таксим. ВО негова близина се наоѓаат голем број на познати туристички дестинации и локалитети, како музејот MADAME TUSSAUDS, Galata Tower, Galata Bridge итн, со тоа што го прави еден од најатрактивните места во градот. Посебно е актуелен кај помладата популација, поради фактот што во негова околина има безброј ресторани, клубови, места за кафе/чај итн.  Хотелот располага со 143 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни), СПА центар (сауна, парна бања, теретана), ресторан, лоби бар како и рецепција достапна 24 часа.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: 

  • Комплетна организација од страна на агенцијата со водич на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобус (АС, ТV, WC..) на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул во областа Пера
  • 3 ноќевања со појадок + користење на СПА центар (*масажите се доплaќаат) во хотел со 4* во Истанбул во областа Пера
  • Панорамски разглед на Истанбул
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM
  • Аранжманот е направен на минимум 40 патници
  • деца од 0 – 5,99 бесплатно; од 6 – 11,99 30% попуст;

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Задолжителна туристичка такса (1,25 евра по ноќ)
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и влезници
  • ТОПКАПИ, СИНАТА ЏАМИЈА, ХИПОДРОМ, АЈА СОФИЈА, КАПАЛИ ЧАРШИЈА – 45€
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – 20 €
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА – со лиценциран водич – 30€
  • ТУРСКА ВЕЧЕР – 30€
  • ВЕЧЕРА НА БРОД – 45€
  • MADAME TUSSAUDS – 15€
  • SAPPHIRE SEYIR TERASI – 15€
  • АЗИСКИ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ – 15€
  • АКВАРИУМ SEA LIFE -12€

 

 

Поврзано

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“