Актуелни понуди Аранжмани - Србија Србија

Белград – балканскиот трон на Дунав и Сава

КОНТАКТ:
тел: 02 306 0350
info@jspturs.com.mk

Б Е Л Г Р А Д – балканскиот трон на Дунав и Сава

23.10 – 25.10 / 30.10 – 01.11

 

1.ДЕН (23.10 Петок) Скопје – Белград

Состанок на групата. Поаѓање во раните утрински часови – 03:00ч. од паркингот на СЦ Борис Трајковски со почитување на сите протоколи и здравствени препораки.

Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во пладневните часови.

Следува панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње, куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито како и соборниот храм Св. Сава. Сместување во хотел согласно времето за check in. По времето за одмор и релаксација продолжуваме со  пешачки разглед во центарот на градот: хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија…

По пешачкиот разглед следува слободно време за уживање и дополнително запознавање со Белград.. Индивидуално уживање во остатокот од денот. Ноќевање.

 

2.ДЕН (24.10 Сабота ) – Белград

Појадок. По појадокот следува можност за факултативна посета на прекрасниот Нови Сад, градот во кој сериозно културно влијание има оставено австро-унгарската монархија.  По пристигнувањето во градот следува пешачки разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина. Слободно време за уживање во убавините на Нови Сад. Враќање назад кон Белград. По пристигнувањето индивидуално уживање или можност за заедничко дружење. Ноќевање.

 

3.ДЕН (25.10 Недела ) – Белград – Скопје

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот. Се упатуваме кон една од најпрепознатливите групации во светски рамки за опремување на вашиот дом – ИКЕА, кој што се наоѓа на 20км од Белград. Следува слободно време за разгледување и индивидуални желби за купување. По посетата на ИКЕА во договорено време заминуваме назад кон Скопје, преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и гранични регулативи.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

http://www.capitalhotel.rs/

Хотел Capital Hotel Garni 4* е лоциран во строгиот центар на градот, на само 8 мин пешачење од плоштадот Република, а на . Секоја од собите е опремена со клима уред, кабловска телевизија со рамен екран, минибар, тоалет туш, фен…Се наоѓа веднаш до Кнез Михајлова, омилената улица за шопинг и прошетка на сите посетители. На само 3 мин оддалеченост  се наоѓа Калемегдан, а во непосредна близина е и ново изградениот трговски центар Рајичева.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања  во Белград во Capital Hotel Garni 4* со појадок (хотелот е лоциран во строгиот центар на Белград)
  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;
  • Превоз со високотуристички автобус со целосно почитување на протоколите и здравствените препораки (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
  • Посета на ИКЕА
  • ГРАТИС панорамски и пешачки разглед на градот;

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Посета на Нови Сад – 15 евр
  • 160  динари (1,33€)   по ноќ туристичка такса по лице  (се плаќа на рецепција);
  • За сопствен превоз се одбива 15 евра од аранжманот;
  • Индивидуални трошоци

 

За реализација на патувањето се потребни минимум 25 лица.

Патувањето се реализира согласно сите здравствени протоколи. Не е потребен PCR тест

Важат општите услови на ЈСП ТУРС.

Поврзано

Оваа веб-страница користи „колачиња“ (cookies) Прифаќам Прочитајте повеќе

Заштита на приватноста и „колачиња“